ДЕНЕС ВРЕМЕТО СОНЧЕВО ПРЕДПЛАДНЕ, ОБЛАЧНО ПОПЛАДНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес (05.09.2016) времето во Македонија во предпладневните часови ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Во текот на попладневните часови облачноста ќе започне да се зголемува и доцна попладне ќе има услови за локален дожд проследен со ретки грмежи. Денес ќе дува умерен ветер претежно од западен правец кој ќе биде повеќе изразен во попладневните часови. Максималната температура утре ќе се движи во интервал од 25 до 32 степени. Почнувајќи од денес навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден па се до крајот на неделава територијата на Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот. Поради тоа се очекуваат чести врнежи од дожд кој ќе ги има над целата територија на Македонија. На повеќе места врнежите ќе бидат ОБИЛНИ и се очекува поголема количина на наврнат воден талог. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилни врнежи од дожд , електрични празнења и засилен ветер.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се предстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така за време на електрични празнења да се избегнува разговор на мобилни телефони. МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ: Поради обилните врнежи кои ни предстојат можна е појава на поплави па затоа навремено да се превземат соодветни мерки.

Од утре (06.09.2016) температурите ќе бидат во големо опаѓање (ќе има пад на температурите за повеќе од 10 степени).

14256256_1041126266003080_1667318353_n

 


Временската прогноза ја подготви:

Славчо Попоски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This