НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

  • September 12, 2016

Овен

Проблемите со финансиите ќе продолжат и оваа недела. Најдобро е да се консултирате со некој стручен за таа област и да не преземате ризици. Не се плашете гласно и јасно да си го искажете ставот на работното место. На љубовен план, очекувајте некоја неочекувана покана за настан на кој ќе треба да присуствувате.

Бик

Овој период ќе се двоумите за работи поврзани со вашата финансиска состојба, но на крај ќе се заврши добро. Ве очекуваат некои изненадувања или некој ќе ви открие тајни со што ќе ви се разјаснат многу работи од минатото. Најдете нова енергија која ќе ве води напред. Истражете го непознатото.

Близнаци

Во моментов вашите најблиски имаат големо влијание во вашиот живот. Овој период е поволен за нова романса, креативност и комуникација со другите, како и за почеток на внатрешна трансформација. Не е пожелно да криете работи од партнерот. Во односите со другите, бидете концизни и јасни.

Рак

Овој период ќе ви биде многу динамичен во однос на пријателствата, љубовта и работата. Советите кои ги добивате од другите не се секогаш од помош. Внимавајте колку пари трошите за да избегнете проблеми на тоа поле. Имате потреба да се релаксирате и да бидете во свое друштво, па посветете време на работи кои ве исполнуваат.

Лав

Вашите идеи на кои сте работеле изминативе недели конечно ќе можат да се остварат во пракса. Во односите со колегите бидете внимателни- на некои од нив не можете секогаш да им верувате. Избегнувајте конфликтни ситуации колку што можете. Посветете време на оние што најмногу ви значат.

Девица

Овој период, желни сте да научите што е можно повеќе работи кои ќе ви ги прошират хоризонтите. Во односите со другите, избегнувајте конфликти и прифатете го фактот дека секој има различни работи во кои верува. Ве очекуваат многу среќни настани, како во кариерата, така и во љубовниот живот.

Вага

Во следниов период, ќе имате потреба јавно да ги пренесете вашите идеи на тие околу вас. Можно се недоразбирања со партнерот, но за среќа имате одлични пријатели кои го поттикнуваат креативното и позитивното во вас. Се наоѓате на нов пат, па посветете се на иднината и не дозволувајте старото да ве влече наназад.

Скорпија

За време на претстојнава недела ќе остварите средби со многу интересни личности. Сконцентрирани сте на врските со другите овој период што ви е многу важно. Можни се мали недоразбирања со некој член од семејството. Насочете ја енергијата кон позитивни работи и тоа ќе ви донесе успех.

Стрелец

Ве очекува динамична недела со многу настани, па подгответе се да бидете позафатени. Дружењето со луѓе е вистинско задоволство за вас. На љубовен план чувствувате притисок дека не му посветувате доволно внимание на партнерот поради обврските, но со добра организација ќе успеете да постигнете сè. Внимавајте на здравјето.

Јарец

На работното место, можно е да одите на кратко патување. Одморете се од напорната работа од изминатиов период и посветете се на најблиските. Ако имате деца, овој период ќе ви биде посветен на нив и на нивните желби. Убаво размислете и преиспитајте се пред да донесете конечни одлуки.

Водолија

Во однос на љубовта, оваа недела ќе ви биде мошне интересна и забавна и вистински ќе уживате. Ако сте во врска, кратко, романтично патување со партнерот е баш тоа што ви треба. Имате необични начини за решавање на животните проблеми и обично успевате во тоа. Продолжете со тоа темпо.

Риби

На работнот место ви следат конфликтни ситуации со некои од колегите со кои имате многу различни ставови. Преиспитајте се на што и како ги трошите парите- финансиската состојба не ви е најдобра во моментов. Не се водете според чувствата кога донесувате важна одлука. Поминете повеќе време со семејството.

Претходно «
Следно »