12 КИЛОМЕТРИ АВТОПАТ ЗА ТРИ ГОДИНИ, НОВ КЛИНИЧКИ ЗА ЕДНА ЕДНА ГОДИНА: Министерот Филипче најави дека новиот клинички во Ѓорче ќе биде готов до 2020 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По објавата на министерот за здравство, Венко Филипче во медиумите дека оваа година започнуваат со изградба на Клинички центар во Скопје, реакција од упатените.

Овие денови истиот министер ја откри истата локација на изградба на новиот Клинички, и тоа ќе биде на државно земјиште во Ѓорче Петров. Истата локација ќе се протега на површина од 90 хектари. Конечната одлука до крајот на месецот треба да ја донесе Владата, но според досегашните анализи и проценки на здравствените власти, местото под обиколницата на излезот од Скопје кон Тетово било највисоко рангирано.

– Правиме пределаборати и како ќе изгледа објектот, разговаравме со директори на клиниките што се им треба. Од 400 до 500 милиони евра ќе чини изградбата и сме во потрага по партнери за кредитирање на новиот клинички. Имаме позитивни сигнали од банката при советот на Европа која ни е долгогодишен партнер и сум уверен дека ќе најдеме, вели Филипче.

Самиот министер е убеден дека до 2020 година граѓаните ќе го добијат долго најавуваниот нов Клинички.

Како тоа ќе го направи министерот за упатените останува дилема.

-За да се започне изградбата потребно е дефинирана локација, решени имотно правни односи, но и елаборат, проект и изведувач. За да се изработи елаборат и проект минимум потребни се година ипол дена, коментираат упатените кои поставуваат прашање дали министерот манипулира со јавноста во врска со роковите за изградба на Клиничкиот центар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This