12,000 Американски државјани одбиени од Канадската граница поради COVID-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 12,000 американци биле вратени од Канадската граница одкако се подигнати рестриктивните мерки во Март.

 

Помеѓу 22-ри Март и 22-ри Јули, на 12,997 странски државјани не им е дозволен влез во Канада. Од таа цифра, 11,321 биле државјани на САД. Повеќето од нив сакале да ја посетат државата поради рекреатвино патување, и непотребно пазарење.

 

Сепак, повеќе од половина од нив биле вратени од границите,поради моменталната ситуација со COVID-19. САД моментално се води како најголемо жариште на COVID-19, каде што има по 67,000 нови случаи дневно, од кои минимум 1000 се смртни.

 

До сега, повеќето од нив ја искористуваа дупката во законот, кој се однесуваше на транзитно патување до Аљаска, но со новите регулативи кој ги постави Канадската влада во петокот, право на транзит имаат само од 5 гранични премини, не смее да се застанува во националните паркови и туристички места и државјаните што транзитираат мораат да носат налепница на нивниот ретровизор, на која што е обележан датумот на влез и препорачан излез од Канада.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This