Времен сообраќаен режим во Скопје:Автобусите ќе се пренасочат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради извршување градежни работи во рамки на реконструкцијата на улицата „Антон Попов“ во Кисела Вода, од 19 октомври, до завршувањето на градежните работи, се воведува привремен сообраќаен режим, соопштија од Град Скопје.

Привремениот сообраќаен режим се воведува на потегот од крстосницата со улица „Павел Шатев“ до крстосницата со улица „Димо Хаџи Димов“ (кај Шампионче).


За време на извршувањето на градежните работи на трасата ќе биде забранет сообраќај за тешки товарни возила, како и за автобусите на јавниот превоз кои ќе се пренасочуваат и ќе се движат по булеварот „Борис Трајковски“.

– Сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, апелираат од Град Скопје.

Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This