НЕМА НИ СИЛА НИ ЧАДОР КОЈ ЌЕ НЕ ЗАМОЛКНЕ: Миленко Неделковски и Стевчо Јакимовски за Дневник

  • April 22, 2016

Нема ни сила ни Чадор што ќе не замолкне

Не постои таква сила, ниту маж на целата Земјина топка што би можел да ме замолчи мене. По цензурирањето на мојата колумна, можам само да им кажам дека ни на крај памет не ми е да престанам да го зборувам или да го пишувам она што го мислам. А с` што се случи покажува дека с` што сум напишал било упатено на точна адреса, дециден е градоначалникот на општина Kарпош, Стевчо Јакимовски, и лидер на партијата ГРОМ. Сличен е ставот и на новинарот Миленко Неделковски, врз чија емисија беше звучно интервенирано со прекривање на имињата на американската амбасада и на амбасадорот Џес Бејли.

stev;o jakimovski infomaksKолумната на Стевчо Јакимовски пред неколку дена првин беше блокирана на порталот www. infomax. mk откако имала 28.000 отворања, а потоа и на друг портал кој само ја пренел. Јакимовски за блокадата директно ги обвинува структурите што како чадор стојат зад опозицискиот лидер Зоран Заев.

– Цензуриран сум затоа што им ја кажав вистината дека ги пречекориле сите граници на прифатливо однесување, како и толеранцијата на граѓаните кога земјата се доведува во опасност. Во колумната напишав дека главен притисок врз претседателот Иванов изврши чадорот на Зоран Заев и Зоран Верушевски за да не се оконча судската против нив оти така ќе се расчистеше кои се двете разузнавачки служби што ги користеле овие две лица и преку кои е направен упад во безбедносниот систем. Очигледно е дека с` што сум напишал било упатено на вистинската адреса. И очигледно е дека на чадорот тоа не му одговараше, но можам само да им кажам дека нема таква сила што може мене да ме замолчи. Ни на крај памет не ми да не зборувам и пишувам за ова – вели Јакимовски.

Непосредно пред ова, како што е познато, програмскиот колегиум на телевизијата „Kанал 5“ интервенирал во емисијата на Миленко Неделковски со звучно прикривање на имињата на амбасадорот Џес Бејли и на американската амбасада. Тоа било сторено по прегледувањето на материјалот, заклучиле дека авторот и неговите гости неколкупати споменуваат исклучително сериозни информации за нив, без докази и тоа во момент на крајно чувствителна политичка ситуација.

Неделковски вели дека не знае кој стои зад ваквиот потег.
milenko_infomax– Искрено, јас немам ниту капацитет ниту време и волја да истражувам или докажувам од каде доаѓа сето ова – дали од ТВ-куќата, дали од американската амбасада или, пак, од Агенцијата за медиуми што ја предводи Зоран Трајчевски. Но јасно е дека ни се случува цензура и тоа не е ни прв пат, а сосем сигурно дека нема да биде ни последен. Сакам само да потсетам дека точно пред една година и два месеца амбасадорот на ОБСЕ, организација која по правило прва треба да се бори и да се грижи за слободата и на медиумите и на говорот, јавно на прес-конференција рече дека новинарите и редакциите што ќе соработуваат со мене нема да може контактираат и со ОБСЕ. Ни тогаш ни потоа на ваквата изјава никој не реагира – ниту нашиот амбасадор во ОБСЕ, ниту здруженијата на новинарите, ниту владините, а уште помалку невладините организации – вели Неделковски.

Тој сериозно ја критикува работата на Агенцијата за аудиовизуелни медиуми:

– Наместо да го применува законот, оваа институција се занимава со толкувања. Испраќа соопштенија со толкувања за тоа што сум сакал да кажам кога сум рекол нешто. Не е нејзина работа да чита мисли и да толкува што сум сакал да кажам јас или кој било друг во земјава.

А еве ја и неговата сумарна оценка за последните цензурирани случаи.

– Само зимоска двапати е цензурирана Мирка Велиновска. Сето ова говори дека цензурата им се повторува само на малкумина луѓе кои се редовно присутни во медиумите и чие влијание во јавноста е големо. Очигледно е дека некој сака да го намали таквото влијание. Јас не се плашам. Првпат сум цензуриран уште во 1986 година кога работев како спортски новинар така што веќе сум навикнат – вели Неделковски.

 

Дневник.мк
Соња Казиовска

Претходно «
Следно »