April 20, 2024, 10:14 am

14 ГОДИШНО МОМЧЕ СИ ГО ОДЗЕMA ЖИВОТОТ: Прва жpтвa во Македонија на играта ,,син кит”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

14 годишно момче од кочанското село Кучичино си го одзеде животот со бесење, трагедијата силно одекна на истокот, но и на социјалните мрежи. Момчето на 16-ти ноември било на училиште до 13 часот, откако се вратило во својот дом, по неколку часа неговата баба го пронашла во шупата. Не оставил писмо, зошто тоа го сторил? Емисијата Код објави дека им пристигна анонимна дојава од жител од овој регион дека =момчето е првата жртва на видео играта Синиот Кит. Во селото Кучичино сѐ се случува на сред село. Жителите биле расположени за разговор, но кога ги прашавле за случајот реакцијата им биле дека темата им е премногу болна.

Со случајот се запознати и првата детска амбасада „Меѓаши“.

Засега причините за смртта на момчето се базираат на претпоставки, а не и на докази. Семејството побарало да се изврши вештачење на мобилните телефони и на компјутерот, но надлежните институции досега ги немаат земено. Родителите скршени од болка не сакаат да говорат. Средината е изненадена, шокирана од чинот кој го сторил момчето, бидејќи го опишуваат како ведар лик.

Никој не забележал нешто чудно во однесувањето на деветто одделенецот, ниту пак некоја форма на самоповредување.

Видео игрите станаа секојдневие на децата и тинејџерите. Направени се на принципот на наградување, која што е и една од мамките за младата популација. Психолозите и педагозите предупредуваат дека постои зависност од видео игри, а сипмтомите се исти како и кај зависност од алкохол, дрога.

Светот сериозно работи на оваа тема. САД и одредени европски држави веќе имаат центри, во кои се одвикнуваат младите од видео игри, а во самиот воспитно образовен процес и отворено се говори за нив.

Кучичино е на само 10 километри од Кочани и сѐ уште е живо село. Во него учат 35 ученици од прво до деветто одделение на кого модерните медиуми им се достапни без проблем. Наставниците кои отворено говореа пред камерата на КОД и родителите сметаат дека треба да се отворат очи и да имаат контрола на тоа што работат децата на компјутерите или паметните телефони.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This