14 КАНДИДАТИ ЗА ДИРЕКТОР НА ОТА: За експертите агенцијата е најлоша реформа во следењето на комуникациите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој ќе застане на чело на оперативно техничката агенција што ќе врши прислушување, најверојатно ќе се знае веќе утре за кога е закажана комисија во собранието за именување на државни функционери. Алфа во јуни ја објави листата на кандидати кои беа пријавени на огласот. Пратениците ќе треба да одлучат од 14 конкуренти, пријавени се правници, лица од воената служба, од сферата на безбедноста, економисти, електротехнички инженери, меѓу нив само неколку звучни имиња.

За директор на ОТА, конкурирал универзитетскиот професор за безбедност Стефан Буџаковски, освен професорот, од областа на безбедност на листата има уште двајца кандидати.
Се пријавил и поранешниот контраразузнавач Ѓорги Лазаревски, на кого специјалното јавно обвинителство му го тргна кривичниот товар дека бил вмешан во наводната афера за прислушување позната како ,,Пуч“. Лазаревски е дипломиран електроинженер, со исто образование на листата има уште двајца. За директор на ОТА конкурирале и четворица правници, меѓу нив и еден доктор на науки.

Со завршена воена академија во Скопје, доаѓаат тројца кандидати, меѓу кои капетан Димитар Богатинов експерт од сферата на сајбер криминалот и полковникот Драган Ковачки поранешен раководител во службата за Воено разузнавање. На листата пријавени има и еден економист.

Агенцијата за прислушување треба да почне со работа во ноември годинава, за експертите ОТА е најлошата реформа во следењето на комуникациите.

-Ние таму ќе ги контролираме тие службеници кои што ќе седат и ќе слушаат но кој ќе контролира тој што ќе го донесе оперативниот податок од терен и ќе напише извештај со кој ќе го информира обвинителот зошто Ѓурчески Љубомир треба да биде следен и зошто неговите телефони треба да бидат приклучени кои се основаните сомненија дека тој се занимава со кривични дела од областа на организираниот криминал- вели поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчески.

Кој се ќе работи во ОТА ќе биде одлука на директорот на Агенцијата, за неговиот избор пак е потребно двотретинско мнозинство во собранието плус бадинтер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This