14 ФАКТИ КОИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ: Русокосите имаат најгуста коса, а носот памти илјадници мириси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали знаете дека луѓето излачуваат неколку литри течности преку табаните, дека носот може да запамти 50.000 различни мириси или дека од ‘рчењето може да се оглуви. Експертите ви претставуваат неколку занимливости за човечкото тело за кои веројатно порано не сте слушнале.


Отисок на јазикот. Немојте да го вадите јазикот ако сакате да го сокриете идентитетот! Како и прстите и јазикот на секој човек на планетата има единствен отисок.

Број на коски. Возрасниот човек има неколку коски помалку од бебињата. Се раѓаме со околу 350 коски, но поради нивното сраснување во текот на растењето, завршуваме со само 206.

Памтење на мириси. Вашиот нос не е чувствителен како кај кучињата, но може да запамти 50.000 различни мириси.

Долги црева. Тенкото црево е околу четири пати подолго од висината на просечниот возрасен човек.

Бактерии. Секој квадратен сантиметар на вашата кожа е покриен со околу шест милиони бактерии, но за среќа, повеќето од нив се безопасни.

Извор на непријатни мириси. Извор на непријатните мириси на стапалата и пазувите е потта, а луѓето излачуваат неколку литри течности преку табаните. Секое стапало има повеќе од 500.000 потни жлезди и може да произведе повеќе од половина литар пот дневно.

Брзина на кивањето. Воздухот во текот на кивањето патува со брзина од 160 км на час или повеќе, што е доволна причина да ставите рака на носот и устата.

Крвоток. Крвта поминува многу долг пат. Кога би се додале сите крвни садови од човечкото тело еден на друг, нивната должина би изнесувала 60.000 километри. Покрај тоа, вредното срце пумпа околу 7,5 илјади литри крв секој ден.

Количина на плунката. Во текот на животот, просечниот човек произведува околу 25.000 литри плунка, што е доволно да се наполнат два базени.

Потреба за сон. Дали знаете дека без храна можете да издржите со недели, но без сон ниту единаесет дена?

‘Рчење. Од 60. година од животот, 60 отсто мажи и 40 отсто жени ‘рчат. Меѓутоа, звукот на ‘рчењето може да ги оглуви. Иако просечното ‘рчењет произведува бучава од 60 децибели, што претставува еквивалент на гласноста на нормален разговор, некои луѓе можат да произведат и 80 децибели, а тоа е гласно како и пневматската дупчалка која дупчи бетон. Нивото на бучавата од 85 децибели се смета штетна за човечкото уво.

Боја на коса и број на влакна. Бојата на косата помага да оцените колку е густо вашето влакно, а русокосите водат во тоа. Просечниот човек има околу 100.000 фоликули на влакна, од кои секое е способно да произведе 20 независни влакна во текот на животот на некое лице. Рускосите имаат 146.000, црнокосите имаат околу 110.000, додека бринетите имаат само 100.000 фоликули. Црвенокосите имаат најмалку густа коса, во просек 86.000 фоликули.

Нокти. Ноктите најбрзо растат на прстите кои најчесто ги употребуваме. Затоа, секогаш ќе имате подолги нокти на раката со која пишувате и тоа на најдолгите прсти. Во просек, ноктите растат околу два милиметри месечно.

Глава. Не е никакво чудо што бебињата во почетокот не можат да ја држат главата исправено. Човечката глава е една четвртина од нашата вкупна должина по раѓањето, но подоцна таа е долга колку и една осмина од вкупната висина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This