140 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последните 24 часа се регистрирани 140 нови случаи на ковид-19 од направени 1.397 тестирања, соопшти Министерството за здравство. По градови, новите случаи се од: Скопје-47, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.

Министерството за здравство соопшти и дека се починати 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74), двајца од Тетово (68 и 55) и еден пациент од Струга (62). Сите шестмина починале во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.557, бројката на оздравени пациенти е 13.792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.076.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 6535, активни 586
Куманово 1673, активни 201
Дебар 275, активни 40
Штип 1230, активни 74
Прилеп 602, активни 129
Тетово 1363, активни 157
Струга 642, активни 63
Велес 303, активни 30
Битола 267, активни 61
Охрид 402, активни 47
Кавадарци 214, активни 36
Гостивар 893, активни 104
Гевгелија 103, активни 61 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
Струмица 162, активни 95
Крива Паланка 93, активни 38
Радовиш 68, активни 22
Крушево 20, активни 3
Кочани 238, активни 84
Пробиштип 101, активни 21
Демир Хисар 61, активни 2
Македонски Брод 89, активни 10
Пехчево 42, активни 18
Берово 79, активни 22
Валандово 14, активни 5
Виница 97, активни 27
Делчево 142, активни 73 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 24, активни 4
Свети Николе 315, активни 20
Кичево 301, активни 28
Ресен 160, активни 13
Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.397 теста изминатото деноноќие се преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-296, Биотек-192, МАНУ -78, Жан Митрев (Филип Втори)-113, Систина со PCR метода -164, лабораторија Лаор –73, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-1, ГАК-12, Синлаб-18, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 160, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This