1438 ЗАТВОРЕНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА СЛОБОДА: Идризово се празни од криминалци – наместо во затвор, на слобода!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во најголемиот затвор во државава, Идризово, од вкупно 1754 затвореници на новиот Закон за амнестија ќе му се радуваат 1438 лица. Oд нив 621 се Македонци, а 569 се Албанци. Роми се 257, а 26 Срби и од други националности.


Во петок стапува на сила Законот за амнестија,а од понеделник, затворите ќе отпочат со дистибуција на затворските досиеја на осудениците до Судовите кои им ги изрекле пресудите.

-Во рок од пет дена по добиените известувања,Судовите треба да изготват решение и лицето кое ги исполнува условите за амнестија ќе биде пуштено од затвор.Конечната бројка сеуште точно не е прецизно определена, изјави за Вечер, Јовица Стојковиќ, директор на Управата за извршување на санкции под чија ингеренција се сите затвори во државава.

Според него, нема да има групно пуштање на сите затвореници туку секој затвореник како ќе го добие решението за амнестија од Судот така ќе ја напуштаaт затворската ќелија.

Според грубата статистика на Управата за извршување на санкции со овој закон се очекува да бидат амнестирани 750 до 800 затвореници, додека од прилика на над 3000 други затвореници казната ќе им биде намалена за 30%.

Во најголемиот затвор во државава, Идризово, од вкупно 1754 затвореници на новиот Закон за амнестија ќе му се радуваат 1438 лица. Oд нив 621 се Македонци, а 569 се Албанци. Роми се 257, а 26 Срби и од други националности, стои во анализата на Вечер.

-Со амнестијата беа опфатени затвореници осудени за полесни кривични дела Сторителите на тешки кривични дела не може да бидат дел од оваа амнестија“ -изјави денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на полициската станица „Јегуновце“.

Целта на амнестијата како што посочи министерот е растоварување на просторните услови во затворите и оти со неа е прецизирано за кои полесни кривични дела станува збор.

Со овој закон се ослободуваат од издржување на затворска казна осудените лица на кои им е изречена казна до шест месеци. Оние што добиле над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 отсто од целокупната казна.

Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда за: доживотен затвор, за кривично дело Убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, за кривични дела против човечноста и меѓународното право.

Амнестијата не се однесува и на лицата кои кривичните дела ги сториле по 20.09.2017 година.

Со посебна одредба амнестијата се ограничува така што не важи за лица по кои била издадена потерница.

-Амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегување во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради нивна недостапност на органите на кривичниот прогон, стои во законот.

Собранието Законот го донесе на 15 овој месец по што наредниот ден беше објавен во Службен весник. Тој беше донесен со 58 гласа „за“, еден „воздржан“ и нути еден „против“.

Донесувањето на Законот како што укажуваат од Министреството за правда чиј предлагачи се има за цел да се овозможи процесот на ресоцијализација и социјална реадаптација на осудените лица, кој досега се покажа како неефикасен.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This