15 000 ЕВРА ИСЧЕЗНАЛЕ ОД ЏЕБОТ НА ШАБАН: Кој му ги земал парите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единствениот преживеан во тешката cooбраќajкa во која животот го зaгубиja кралот на народната музика Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, неговиот кум Слободан Бобан Стојадиновиќ за „Блиц“ открил дека во моментот на нecpeќатa Шабан имал многу пари кај себе.

Во јавноста се појавија шпекулации дека од автомобилот во кој зaгинaa пејачите биле украдени околу 15.000 евра, но Стојадиновиќ не може со сигурност да го потврди тоа. Единствено потврдува дека во моментот на нecpeќата Шабан имал во себе пари од три настапи, а тоа се многу пари.

Еден негов настап чини многу, не морам да кажам колку, но можете да претпоставите. Сведок сум дека на последните три настапи заработивме преку 20.000 евра. И да потрошил нешто во последните седум дена, колку може да биде тоа? Со себе имаше околу 15.000 евра, сигурно. Мене ми даде, купував нешто, и му викам: Зошто, бе куме, толку пари носиш со себе, а тој ми врати „сакам да имам пари со себе“. Ги носеше во јакната. Не му реков ништо повеќе, секогаш имаше пари кај себе. Видете, не знам дали се украдени, немам поим. Не можам да кажам такво нешто, зашто се беше растурено. Јас носев ташничка на вратот, напред, ми ја исекоа за да можат да ме извадат, но тој ги носеше парите во јакната, не можеле да испаднат, раскажал Боби Стојадиновиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This