15.000 ОТПУШТАЊА И СЕ ЗАКАНУВААТ НА МАКЕДОНИЈА: Македонија пред економски колапс – најавени 15.000 откази во челичарниците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска на прес-конференција претседателот на Здружението на металургија при Стопанската комора, Митко Кочовски изјави дека на 15.000 вработени им се закануваат откази или принудни одмори, ако македонската економска дипломатија не успее да ги изземе производителите на челични производи од мерките на ЕУ и САД за ограничен увоз на челични производи и извоз на отпадно железо. Дополнително тоа ќе значи стагнација на челичната индустријата што ќе има штета врз македонската економија и растот на домашниот бруто производ

“Македонската индустрија иако директно засегната од заштитните мерки на САД и ЕУ поврзани со увозот на челични производи, не претставува никаква закана за овие две економии. Во САД извезуваме 12.400 тони и со тоа немаме никакво вијание врз целокупниот узов на челични производи во САД кој главно доаѓа од првите 10 извозници. Извозот, пак, во ЕУ изнесува 256.000 тони или само 0,87 отсто од вкупниот увоз на челични производи во Унијата. Дополнително нашиот извоз се реализира по пазарни цени што значи дека на никаков начин не го загрозуваме производството на челични производи ниту во САД, ниту во ЕУ” додаде Кочовски.

Овој македонски извоз иако е минорен за двете силни економии за македонската економија е значаен бидејќи учествува со 5,7 отсто во формирањето на Домашниот бруто производ (БДП), а челичната индустрија значи егзистенција за 3.000 директно вработени и 15.000 вработени во поврзаните сектори.

“Македонската амбасада во САД треба да побара изземање од мерките за Македонија, како што треба да го напрат нашите претставници во Брисел. Ние како компании веќе одговараме на поставените прашалници од ЕУ во врска со извозот на челични производи и се обидуваме да докажеме дека извозот го реализиреме по пазарни цени, а не по дампинг” рече Кочовски.

Во Европската унија извезуваат пет производители на челични производи од земјава. „Макстил“ годишно извезува 150.000 тони, „Митал“ 60.000 тони ИГМ 106.000 тони, „Дојран стил“ 70.000 тони и ФЗЦ 11 Октомври, 20.000 тони.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This