April 19, 2024, 12:00 pm

150 ДЕЦА ДНЕВНО ЗАВРШУВААТ НА ПУЛМО: Аерозагадувањето ги наполни болниците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Клиниките за детски болести и белодробни заболувања полни со пациенти. Околу 150 деца дневно завршуваат на државната детска клиника најголем дел со респираторни проблеми. Ист е бројот на дечиња што се здржани на лекување во оваа болница.

Лекарите постојано препорачуваат, кога има поголемо загадување децата да не излегуваат често на отворено, освен на планина каде можат да дишат чист воздух.

ПМ честичките чии број деновиве е огромен имаат канцерогено дејство и претставуваат ризик-фактор за појава на сериозни заболувања како што е рак на белите дробови. Надлежните ветуваа дека ќе обезбедат заштитни маски за хронично болните. Лани во декември министерот Филипче најави дека ќе се набават 50.000 маски. Зошто се` уште ги нема, од министерството не добивме одговор. А тие периодов кога загаденоста е екстремно висока, се повеќе од неопходни.

Лекарите избегнуваат да коментираат за дирекните и сериозни последици од вдишувањето на загаден воздух. Нивниот изговор е оти нема студија на ниво на Македонија која ќе даде појасна слика за тоа како загадувањето влијае врз здравјето, одобено на децата.

Ваква студија во земјава никој не изработил, но има Светската здравствена огранизација, според која, секојдневното вдишување канцерогени честички освен со болести, резултира и со смрт. Оваа организација изброи дека како последица од загадувањето на светско ниво, годишно, животот го губат околу 600.000 деца.

Слични извештаи објавува и Европската агенција за животна средина, а според нив, во Македонија, во тек на една година, како последица од загадениот воздух умираат повеќе од 3.000 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This