April 25, 2024, 10:01 am

ОСУМ ЗНАЦИ ЗА ЦРНА MAГИЈA: Загубата на енергија, проблемите на љубовта и кошмарите се само некои од знаците дека некој ти фрлил проклетство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сигурно ви де случило барем неколку пати во вашиот живот да западнете во црна дупка и мислите дека некој ве проколнува. Ништо што ќе направите не ви оди од рака, лошите работи се зголемуваат, па се прашуваш зошто  баш вас ви се случуваат само лоши работи.

Се разбира, овие знаци можат да се поврзат со разни психички и физички состојби и животни фази и ситуации и не смеат сигурно да се земат како дел од потенцијалното проклетство. Исто како суеверието.

Текстовите за проклетства најчесто ги набројуваат овие осум услови како потенцијални знаци на проклетството. Тие тврдат дека ако имате четири или повеќе услови во вашиот живот, постои голема шанса дека некој ве проколнува.

1. Нагло губење на енергијата: Ако некогаш сте биле полни со снага, сте биле полни со живот и енергија, и одеднаш сте потонале и немате повеќе желба за ништо,може да биде еден од знаците.

2. Финансиски загуби: Ако одеднаш сте претрпеле финансиски загуби, ако сте изгубиле многу во некои инвестиции или одеднаш од стабилна финансиска состојба, ќе се најдете во безнадежна ситуација.

3. Честите проблеми со љубовта: Вообичаено сте биле во стабилни љубовни врски и односи, но во последно време има само љубовни падови, развод, губење желба кон љубов…

4. Кошмари: Одеднаш почнавте да сонувате чудни и страшни работи. Тие се крајно убедливи и сте прилично силно оптоварени. Овие можат да бидат соништа за змии, скорпии и паѓања од големи надморски височини.

5. Црно одликување: Ако вашето омилено парче накит исчезне или необјаснето се искине, тоа може да биде знак на проклетство.

6. Лоша среќа: Ова е нешто што многу луѓе субјективно го доживуваат, но ако навистина сте во голема црна серија и сè се врти против вас, тоа може да биде лош знак.

7. Необјаснива болка: Доколку почесто од било кога, имате болки во телото што не можете да ги објасните, особено во долниот дел на грбот, желудникот и нозете, а докторите не можат да дознаат која е причината.

8. Проблеми со спиењето: Одеднаш се будите ноќе, не можете да заспиете подолго време, се препотувате преку ноќ а никогаш  не сте имале проблеми со спиењето порано, тоа може да биде знак дека некој ве”фатил на заб”.

Текстовите за клетвите се споменува дека се случуваат во три фази, секој од нив ќе биде се појак и појак. Затоа, ако најдете повеќе од четири од овие знаци, книгите ве советуваат да размислите за отстранување на проклетството. Сепак, вреди да се спомене уште еднаш дека сите овие знаци можат да се поврзат со бројни животни ситуации и состојби и треба да се земат со голема резерва и исклучиво како љубопитност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This