ТРАОРНА АТМОСФЕРА ПОМЕЃУ ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА ХИЛАРИ: Весело кај Доналд Трамп!

  • November 9, 2016

Во завршницата на пребројувањето на гласовите на претседателските избори во САД, во изборниот штаб на демократската кандидатка Хилари Клинтон владее тмурно расположение, додека кај нејзиниот ривал, републиканецот Доналд Трамп има славеничка атмосфера.
hilari_poddrzuvaci

Приврзаниците на Клинтон скаменето гледаат во екраните со резултати, некои плачат и заминуваат додека пребројувањето на гласовите се уште трае, пренесува Танјуг.

Илјадници приврзаници се собраа во Џавитс центарот за да присуствуваат на изборната ноќ и да навиваат за Хилари Клинтон, додека таа, нејзиното семејство и блиските соработници ги минуваат часовите во апартман во хотелот Пенинсул Њујорк на Менхетн.

За разлика од нив, директорката на кампањата на Доналд Трамп расположението во Трамповата кула го опишува како „весело“.

tramp_poddrzuvaci

Надежите на неговиот тим растат со пристигнувањето на преброените гласови.

Илјадници негови приврзаници се собраа во сала во еден хотел на Менхетн за да ги следат резултатите.

Според последните резултати, Трамп води со 254 наспроти 218 изборни гласови, кои ги освои Клинтон.

hilari_poddrzuvaci2

hilari_poddrzuvaci3

hilari_poddrzuvaci4

Претходно «
Следно »