April 26, 2024, 11:06 pm

Утрински молитви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

(Кога ќе станеш од постела, пред секоја друга работа, измиј се и застани набожно со помисла дека стоиш пред лицето на Бога, прекрсти се и прочитај ги следниве молитви)

Во името на Отецот, и СИнот и Светиот Дух. Амин

Постој малку молчејќи, додека не се смират сите твои чувства и потоа направи три поклони, велејќи:

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, заради молитвите на Твојата Пречиста Мајка и на сите светии, помилуј нè. Амин.

Потоа:

Молитвa
Помилуј нè, Господи, помилуј нè, зашто ние грешните немаме никакво друго оправдување. Ти ја пренесуваме оваа утринска молитва како на Владар. Ние во Тебе се надеваме; не биди гневен на нас, туку со своето милосрдие погледни и избави нè од нашите непријатели, зашто Ти си Бог наш, а ние сме Твои луѓе, сите сме дело на Твоите раце и го повикуваме Твоето име, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Молитва
Благословена Богородице отвори ни ги вратите на милосрдието, за да нè пропаднеме ние кои што се надеваме на Тебе, но со Тебе да се избавиме преку тебе од беди, зашто Ти си спасение на родот христијански. Благословено да си Пресвето и неразделиво Тројство! Те славиме зашто постапуваш со нас по своето милосрдие. Господи, Ти си наш Господ! Колку е убаво Твоето име по целата земја! Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин.

Молитва
Те сакам, Творецу мој, зашто ме сочува оваа ноќ; Тебе Ти ја посветувам својата работа, душата и телото Ти ги предавам. Ти благодарам за сите добрини, особено што оваа ноќ ме чуваше со милост. Нека денешниов ден биде сè во Твоја чест и слава, сè што ќе мислам и зборувам, сè што ќе работам и страдам!

Молитва
Откако станав од сон, Ти благодарам, Света Троице, зашто поради Твојата голема добрина не се разгневи на мене мрзливиот и грешниот, ниту ме погуби заради моите беззаконија, но се покажа, како и обично, Човекољубив, и кога лежев без надеж, ме крена за да станам рано и да ја прославам Твојата сила. И сега просвети ми ги моите духовни очи, отвори ми ја устата, за да се поучувам со Твоите зборови, да ги разбирам Твоите заповеди, да ја извршувам Твојата волја, да Ти пеам со искрена пофалба и да го прославам Твоето пресвето име – на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Молитва
Слава Ти, Цару, Боже, Седржителу, Ти Кој со Својата божествена и човекољубива промисла си ме удостоил мене грешниот и недостојниот да станам од сон и да влезам во Твојот светол ден. Господи, прими го гласот на моите молитви, како и светите умни Твои сили, и дај ми со чисто срце и смирен дух да Ти принесувам пофалба со нечистите мои усни, та јас грешниот да бидам со запалената свеќа на мојата душа во редот со мудрите девојки, славејќи Те Тебе во Отецот и Цветиот Дух, славениот Бог Син. Амин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This