19 години затвop за девојката на која и се cyдеше за yбиcтвото на Пино

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ангела Ѓорѓиевска која беше обвинета за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо – Пино, судот ја прогласи за виновна и ја осуди на затворска казна од 19 години, пишува Досие.

Според пресудата, таа помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство.

Тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.

Судијата при изрекување на пресудата истакна дека во одредување на казната биле земени предвид олеснителните и отежителни околности кои надвладеале бидејќи обвинетата Ангела Ѓорѓиевска во текот на судењето никогаш не покажала каење.

Извор: Досие

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This