October 24, 2021, 4:11 am

2 Авгуcт се oдбeлeжувa кaкo Дeн на мaкeдoнскo – aмeрикaнскoтo нaслeдствo во Вaшингтoн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Бaузер, и годинава заедно со Македонците кои живеат и работат во САД, го одбележува празникот Илинден. Формално, празникот лани беше прогласен како Ден на македонско-американската традиција кој редовно се одбележува на 2 август.

Во проглас испратен викендов до Македонците во САД по овој повод, а кој Обединета македонска дијаспора (ОМД) го сподели со МИА, градоначалничката Баузер ги спореди напорите на округот Колумбија да стекне право да стане сојузна држава со борбата за независност и самоопределување на Македонија.

-Историската борба за самоопределување на Македонија е слична со денешната борба за државност на нашиот град, што резонира со македонско-американската заедница во Вашингтон која стои солидарна со нас, се вели во прогласот.

Умерените демократи бараат Округот Колумбија да стане 51-ва држава на САД, со што интересите на околу 700.000 жители ќе бидат бранети преку претставник во Конгресот, но засега за тоа нема поддршка од републиканците.

Понатаму во прогласот на Баузер за Илинден се вели дека „Вашингтон е горд што ги слави културните традиции, потеклото, кулинарството, јазиците, историјата и огромните жртви на македонската заедница. Ние исто така можеме да научиме од бескомпромисните концепти на нивните предци за слобода, независност и еднаквост, што фундаментално го променија текот на македонската историја и го зајакнаа народот да остави храбро наследство во својата татковина и низ целиот свет”.

Прогласот започнува со зборовите:

ДОДЕКА Обединетата македонска дијаспора и македонско-американската заедница го одбележуваат Илинденското востание од 1903 година, бунт во потрага по слободна, независна и суверена Македонија;

ДОДЕКА, македонската независност на почетокот беше краткотрајна, Илинденското востание значително резултираше со формирање на првата демократска република во Југоисточна Европа и ги постави темелите за ослободување и независност во 1991 година;

ДОДЕКА историската борба на Македонија за самоопределување е паралелна со денешната борба за државност на нашиот град, што резонира со македонско-американската заедница во Вашингтон која стои солидарна со нас:

СЕГА, ЗАТОА јас, градоначалничка на Вашингтон, со ова го објавувам 2 август 2021 година за „ДЕН НА МАКЕДОНСКО-АМЕРИКАНСКО НАСЛЕДСТВО” во Вашингтон.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This