March 28, 2024, 10:24 pm

2-РИ АВГУСТ ,ДЕН НА РЕПУБЛИКАТА: Доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија денес го одбележува Денот на републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани, Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ.

Илинденското востание, кое почнало на 2 август 1903 година, е востание на македонскиот народ против османлиската власт и Отоманската Империја, и врвен дострел на македонското ослободително движење. Во текот на Илинденското востание прогласена е Крушевската Република, која се засновала врз длабоки демократски принципи, кои најдобро се изразени во Крушевскиот манифест на народновостаничката власт, преку кој се истакнати и социјалните цели на востанието – воспоставување поправедно општество и еднаквост.

Четириесет и една година по Илинденското востание и за време на Втората светска војна, на 2 август 1944 година, во манастирот „Прохор Пчињски“, одржано е и првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).

Од државно-правен аспект, АСНОМ претставува врховно законодавно, извршно и претставничко тело и највисок орган на државната власт во демократска Македонија, додека пак од историски аспект АСНОМ преставува продолжување на илинденските традиции и продолжување на вредностите на Крушевската Република.

На првото заседание на АСНОМ е нагласено дека се исполнуваат целите за кои се бореле илинденците, чија борба продолжува и во антифашистичкиот отпор и постигнување на целите за слободна Македонија.

„Македонија врви кон својата слобода, кон непостигнатиот идеал за кој илјадници ваши другари ги дадоа своите животи во Илинденската епопеја. Вашиот првоборец и другар Димитар Влахов е еден од водачите. Вашето место е покрај вашите синови и внуци. Напред во борбата за идеалите за кои вашата генерација се бореше, а нашата ги исполнува!“, било нагласено на Првото заседание на АСНОМ.

На првото заседанието на АСНОМ усвоени се неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија, со која се гарантира слобода и рамноправност на секој граѓанин. На првото заседание формирана е и Комисија за изработување законски проекти, а Илинден е прогласен за државен празник.

„Илинден, 2 август, се прогласуе за народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за неговото коначно ослободуене от вековното ропство и за создавање на слободната и суверена федерална македонска држава“, се вели во Решението на АСНОМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This