2.000 ВРАБОТУВАЊА ВО 140 НОВИ ГРАДИНКИ: Диме Спасов го најави еден од најдобрите проекти во програмата „Реално“

  • November 28, 2016

Еден од најдобрите проекти во програмата „Реално“ е проектот за изградба на 140 детски градинки. Овој мега проект планираме да го започнеме веднаш по завршувањето на изборите, а планирано е да се инвестираат околу 25 милиони евра во изградба на 140 градинки, истакна денес Диме Спасов кој беше во посета на Гевгелија.

dime-spasov-1-640x438

-Овие 140 градинки ќе бидат распределени во сите општини во државата при што ќе влијаат на значително зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст. Над 18.000 деца ќе можат да се згрижат во овие нови детски градинки. Со новите објекти ќе се отворат и над 2.000 работни места. Во општина Гевгелија планираме изградба и отворање на две нови детски градинки во следните четири години со што значително ќе се влијае на намалување на листите на чекање, посочи Спасов.

Тој додаде дека се поголем број на работни места се отвораат и истиот тренд ќе продолжи во иднина, па оттука дополнително се јавува потребата за нови градинки.

-Овој проект ќе одговори и на потребите на родителите и ќе овозможи дополнителен згрижувачки капацитет, потенцира Спасов.

Претходно «
Следно »