January 24, 2021, 10:53 am

20 национални kaтacтрофи штo ги носи тврдењето на Заев дека имаме заедничка историја со Бугарија

Поврзано

(Фото) Стрaотна сообраќајка под надвозникот кај скопски Орман

Страотна сообракајка под надвозникот во Орман, стои во објавата на Фејсбук страницата Ѓорче Петров. Се надеваме нема повредени, внимателно возете...

(Видео)Венко да тера помалку PR, а повеќе работа, на граѓаните им требаат навремени и достапни здравствени услуги за да се спаси човечки живот

Додека многу луѓе во пендемијава секојдневно се борат за својот живот, министерот Венко Филипче не е способен да ги...

Кoгa пpeмиepт ти гo чyвa гpбoт, нeмaш гajлe: Лoвџиja имaл cpeдбa co Заев, a ceгa ce фaли co y6иeн дивeч

Член на раководството на Ловечката федерација кој во октомври имал средба со премиерот на социјалните мрежи заедно со други...
- Advertisement -

Во оваа епизода со Бугарија, најпоасно е тврдењето на Заев и СДСМ дека имаме заедничка историја со Бугарија, бидејќи тоа ни носи најмалку 20 национални катастрофи, пишува Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на својот Фејсбук, објаснува што значи тоа, односно јасно и конкретно ги објаснува тие 20 национални катастрофи кои може да ни се случат. Што се губиме и од што се откажуваме поради таквите непромислени изјави на Заев и зошто мора да бидеме обединети во оваа борба и да покажеме уште еднаш зошто сме како пиреј.

„Што е најопасно во оваа епизода со Бугарија? 20 национални катастрофи (најмалку)

Дали е тоа спорот за Гоце Делчев? Дали е периодот на Втората светска војна? Дали е средниот век? Дали е улогата на Тито и Југославија? (Да не паѓаме во шок, тука не навлекуваат, сакаат да докажат дека тој не создал) Не! Најопасно е тврдењето на Заев и СДСМ (после партискиот став, да, одговорност на целата партија) дека немаме споделена, туку ЗАЕДНИЧКА историја…

Што значи тоа?

1. Дека сме биле/сме еден народ кој живее во две држави (ни даваат од Бугарија примери со Албанија/Косово, Германија/Австрија, Грција/Кипар,…).

2. Дека говориме ист јазик.

3. Дека нема посебен и засебен историско-идентитетски и културолошки развој и растење на македонскиот народ.

4. Дека терминот Македонец има само регионално значење (како и во Грција).

5. Терминот македонско/македонски/македонска ќе има регионално географско значење (како и во Грција).

6. Географски терминот Македонија во бугарскиот светоглед ќе е на рамно со Мизија и Тракија.

7. Со овој потег, во моментот, се откажуваме од било какво прашање за малцинство во Бугарија.

8. Ги фрламе во вода пресудите на меѓународните судови за прашањата на организираноста на македонското малцинство

во Бугарија.

9. Целиот македонски фолклор добива бугарски наслов.

10. На тој начин се откажуваме од национал-ослободителниот карактер на партизанското движење и АСНОМ (и го сведуваме на идеолошки конфликт помеѓу комунисти и националисти).

11. Се откажуваме (како да не постоеле) од Мисирков, Пулевски, Рацин, Неделковски, Шопов, Кепески, Конески, Шоптрајанов,…

12. Докажуваме дека партизаните згрешиле што станале на востание против свои сонародници (ќе дојде време да треба ние да се извиниеме, на некое од следните поглавја).

13. Се откажуваме од засебноста и посебноста во својата борба на ВМРО, од Делчев, Груев, Сарафов, Сандански,…

14. Ќе докажеме дека во Грција (егејска Македонија) нема и никогаш немало македонско население. Тие што се таму или биле се Бугари, а прашањето со Бугарија и “бугарското население” во Грција е решено со Нејскиот договор (вие чудете се зошто Грција ја поддржува Бугарија лажејќи ја нашата Влада дека ќе не поддржи).

15. Илинденското востание би признале дека е бугарско востание.

16. Охридската православна црква како автокефална црква, пред нејзиното укинување, би прифатиле дека е црква на Бугарите.

17. Внесувањето на географската одредница “северна” во името на државата Република Македонија би имало оправданост, бидејќи терминот Македонија и македонски/македонско би го изгубиле национал-идентитетското значење и би добиле, повторувам, само географско значење.

18. Културолошкиот македонски културен и идентитетски пакет од моментот на ова прифаќање станува бугарски, а терминот македонски останува само со хеленистичко културно значење (Преспа, Преспа, Преспа,…)

19. Би прифатиле дека сме живееле 75 години во бунило и незнаење, сме биле пијани, дрогирани и луди, и ние и нашите татковци и дедовци, кога сме тврделе и тврдиме дека сме Македонци, а не Бугари.

20. Песната “Народе Македонски” можеме да ја фрлиме и закопаме во новите мочуришта околу езерото што исчезнува, Преспа

П.С. Не се фаќајте за Тито и комунистите, тоа Бугарите намерно ве навлекуваат.

П.С.С. Да си повториме! НОБ и ПОМ имаат национал-ослободителен карактер што се гледа во Прогласот и Манифестот на АСНОМ (точно само овие два документи кои мораше да бидат избришани и дури од индиректно повикување во нашиот устав, секако со Преспанскиот), како собрание на целокупниот македонски народ од сета Македонија.

П.С.С.С. Секој што ќе ви каже дека НОВ има идеолошки (комунистички) карактер или појма нема од историја, или е во некоја политичка занес, или не му е гајле што зборува или несвесно и помага на бугарската теза, или пак свесно.

Како пиреј сме, ќе опстанеме, ни било и потешко.

Само обединети во оваа борба, пишува Димовски на Фејсбук

Што е најопасно во оваа епизода со Бугарија?20 национални катастрофи (најмалку)⏬⏬⏬⏬⏬Дали е тоа спорот за Гоце…

Posted by Илија Димовски on Friday, November 27, 2020

Latest News

(Фото) Стрaотна сообраќајка под надвозникот кај скопски Орман

Страотна сообракајка под надвозникот во Орман, стои во објавата на Фејсбук страницата Ѓорче Петров. Се надеваме нема повредени, внимателно возете...

More Articles Like This