20 ДО 30 ПРОЦЕНТИ ОД ВКУПНАТА CMPTHOCT СЕ ДОЛЖИ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО: Само во Скопје како директен резултат на загадениот воздух yмиpaaт 1250 луѓе годишно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија истакна дека е точен фактот од Светската здравствената организација дека cмpтнocта по градови каде загаденоста е висока бележи зголемување.

Кај нас бројот на cмpтни случаи пресметан по тие референтни методи се движи ако ни е годишната cмpтнocт во државата 10.000 случаи, од нив 20 проценти можат да бидат атрибутивно врзани за аерозагадувањето. Во Скопје ако  мopтaлитeтот 5.000 , од 850 до 1250 нашите најнови истражувања покажуваат дека можеме да ги врземе како последица на аерозагадувањето. Истото важи и за останатите градови каде 20 до 30 проценти од вкупната cмpнocт се должи на загадувањето, вели професорот Ѓорѓев.

Тој истакна дека чим ни се зголемува cмpтнocта и заболувањата на ниво на Македонија, значи дека мерките не функционираат, односно се пожали дека институциите немаат основни елементи по кои би можеле да ја следиме ефикасноста на оние мерки кои велат дека ги воспоставиле досега.

Професорот вели дека маските кои се обезбедени за граѓаните се само козметички мерки кои во суштина воопшто не го решааат проблемот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This