April 18, 2024, 11:38 pm

„20 СТОКИ ПРЕД СОБРАНИЕ“: Раководител на одделение во Влада со навреди до граѓаните кои протестират пред Собрание – ОЈО на потег да отвори истрага за говор на омрза!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Функционери на власта преку социјалните мрежи навредуваат граѓани кои изразуваат свој автентичен граѓански револт и ги нарекуваат со погрдни зборови, сосема спротивно на Кодексот за административни службеници, кој пропишува како треба да биде поведението на еден јавен службеник.

Бојан Василевски – Раководител на Одделение за поддршка на работата на генералниот секретар на Собранието, но и претседател на ОО СДСМ во Аеродром, на својот фејсбук профил напиша:

– 40 минути стоиме во место кај МТВ се е блокирано ради 20 стоки пред Собрание!

Василевски, со ваквиот свој напис го навредува народот го излегол да протестира и да искаже автентичен граѓански револт и со своето однесување го прекршува Кодексот за административни службеници и неговиот чл.8, кој вели:

„ Административниот службеник во своето работење и однесување ги промовира демократските вредности и владеењето на правото и се залага за вклучување на граѓаните и засегнатите страни во процесот на креирање на политиките. “ За дополнително во истиот член алинеја два да се продолжи: – Административниот службеник во работењето и однесувањето ги почитува принципите на хуманост, еднаквост и социјална правда.

Дополнително Василевски го прекршува и чл. 10 од Кодексот, кој вели дека административниот службеник не ја истакнува и не ја наметнува на друг својата политичка волја. Додека чл.15 од истиот го регулира однесувањето на работното место, приватниот живот и јавноста, во кој се вели дека административниот службеник го разбира и доживува работењето во администрацијата како одговорна, угледна и почитувана професија. Тој дополнително вели дека истиот е должен во јавноста да се однесува достоинствено со што не би го нарушил неговиот личен углед, угледот на институцијата и на администрацијата во целина.

За говор на омраза по допрен глас може да реагира и Јавното обвинителство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This