April 26, 2024, 11:40 pm

20 ФИРМИ ВКЛУЧЕНИ ВО МИЛИОНСКИОТ СКАНДАЛ: 7.5 милиони евра тежок скандал во министерство за образование!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алфа ексклузивно го објави списокот со фирми кои си склучиле договор со Министерството , а на кои стои потпис на министерот за образование Арбр Адеми, но во четири очи, однос без претходно да биде објавен оглас за набавка на учебници, што е јасно наведено во членот 3 на потпишаните договори.

Со сума од 178,495,166 денари најмногу добила скопската фирма Арс Ламина, која се договорила со министерството да набави нови учебници по Математика, природни науки, хемија и италијански јазик.

Пo неа фирмата Арбериа дизајн од Тетово е втора на листата, а се договорила за сума од 149, 027,188 дека ќе набави учебници и работен материјали по предметите Природни науки, биологија и физика. Дел од дваесетте фирми кои се договориле со министерството за образование склучиле и по неколку договори, со што сумите значително се зголемуваат.

Акционерското друштво Просветно дело преку два договори за набавка учебници и материјал за основци и средношколци добило 39,794,082, без претходно да биде објавен оглас за набавка на истите, како што е наведено и во електронскиот систем за јавни набавки.

Во првите пет на листата со најскапи договори се јавува и фирмата Џорџ ДООЕЛ Скопје кој ќе набавува учебници за основно и средно во висина од 34,104,803 денари.

Сите договори се склучени на 14-ти август, а според информациите објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки стапуваат на сила од 29-ти и 31-ви август. Симптоматично е што за сите договори добиена е само една понуда, по што е пристапено на потпишување на договорите.

Оправданост за изборот на постапката да биде направена во четири очи од министерството ја правдаат со технички или уметнички причини.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This