20.000 ЕВРА МЕСЕЧНА ПЛАТА ЗА ОБРАДОВИЌ: Дали граѓаните плаќаат астрономски суми за совети како да се продаде ЕЛЕМ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

20.000 евра годишно граѓаните на Македонија ќе го плаќаат српскиот мешетар Александар Обрадовиќ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Димче Арсовски, Потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Што ќе бидат советите на Обрадовиќ кој е ангажиран во Владата на Република Македонија, а е вдомен во ЕЛЕМ?

Дали советите од 20.000 евра ќе доведат до нов бонбона бизнис за СДС во кој мета ќе биде продажбата на ЕЛЕМ?

На кој начин Александар Обрадовиќ ќе ја заработи платата од 1.700 евра бруто плата која му се исплаќа директ од џебот на граѓаните?

Со платата на Обрадовиќ од 20.000 евра може да се исплатат 50 стипендии за најдобрите студенти, или пак да се даде помош од 500 евра на 40 социјално загрозени семејства.

Замислете, Заев крати од буџетот средства за капитални инвестиции, градинки, студентски домови, факултети и други ставки, а му дава 20.000 евра плата на мешетарот Александар Обрадовиќ.

Дали на Заев поважни му се Обрадовиќ и Башановиќ отколку студентите на кои им ветуваше брда и долини, а сеуште не добиваат ништо, или пак граѓаните чија доверба ја изигра уште во првите 100 дена.

Александар Обрадовиќ на јавноста и е познат како неуспешен кадар во српската влада за кој својствен е недомаќинскиот начин на работење. Обрадовиќ кој е вработен во владата, за да се вдоми во ЕЛЕМ и да почне да го спроведува планот на спрегата Заев-Обрадовиќ-Башановиќ, насилно избрка двајца советници на директорот на ЕЛЕМ од своите канцеларии.

Раскалашеноста на владата на Заев и носи фатални и катастрофални последици на македонската економија. Неконтролираното трошење на пари од буџетот ќе доведе до крах во економијата.

Неспособноста на владата на Зоран Заев веќе ја препознаа граѓаните. Затоа на 15-ти октомври, граѓаните ќе ги казнат за сите грешни совети од Обрадовиќ, Башановиќ и сите останати твитер и естрадни советници.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This