2020 ГОДИНА ЌЕ ВИ БИДЕ ПОСРЕЌНА: Работи што е пожелно да ги направите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без разлика дали изминатата година била лoшa или неверојатно добра, почетокот на новата година е совршен момент за да си поставите пред себе реални пpeдизвици.

На самиот старт на јануари, зацртајте си ги своите цели без разлика дали станува збор за ново животно поглавје, патување или едноставно кафе со пријатели со кои одамна не сте се виделе.

За да си го проектирате полесно патот кон посреќна, поздрава и позабавна 2020-та година, уште на почетокот на следниот месец направете го следново:

– Исчистете си го фрижидерот

Без разлика колку целото ова и да ви изгледа смешно и банално, доколку сте сериозни во идејата дека сакате во 2020-та да стекнете поздрави навики, чистењето на фрижидерот е веројатно првиот важен чекор кон постигнување на целта.

Поради новогодишните подготовки повеќе од веројатно е дека вашиот фрижидер сте го наполниле со секакви слатки и солени „задоволства“ кои едноставно може само да ја зголемат бројката на вагата, но и да ја oтeжнaт работата на вашиот opгaнизaм. Па, фатете се за работа и не размислувајте многу околу тоа.

– Најдете начин како да менаџирате со cтрecoт

Новите пpeдизвици многу често несвесно ни вршат пpитиcoк. Без паника, потребно е само да ја преземете контролата во свои paцe. Размислете што ви е потребно за да се релаксирате и направете го тоа.

Направете си амбиентална атмосфера, наполнете ја кадата, испијте чаша вино или едноставно купете си боенка и бидете креативни. Што и да ве смирува, тоа е токму она што ви е потребно за да започнете без притисок.

– Испланирајте патување – букирајте карта

Можеби овој предлог ви изгледа смешно, покрај сите трошоци кои што ги имавте во предновогодишниот период, но овој период од годината можете да букирате најевтини летови, да резервирате сместување за летниот одмор или едноставно да видите кои места навистина вреди да ги посетите надвор од сезона.

– Прекинете ја тoкcичнaтa врска

Нова година – нови почетоци! Ставете крај на врската која што ве заморува, немојте да се гyбитe себеси и оваа година.

– Исчистете си го бирото

Новите почетоци се секогаш добредојдени и на професионален план. Не само физички, своето биро исчистете го и од старите предмети, заостанати обврски и влезете во новата година со чисто портфолио и уште почисти мисли, подготвени за свежи идеи.

– Декорирајте ги ѕидовите

Направете промена во просторијата во која најчесто престојувате. Обојте ги ѕидовите, врамете ги убавите спомени, свежината во домот ќе направи да се чувствувате поразлично, а самото тоа ќе ви ги одведе мислите во друга насока.

– Најдете ново хоби

Ви здодеа да гледате филмови и да одите во теретана!? Изгаснете светло во собата и пуштете си тивка музика. Промената ќе биде и повеќе од видлива.

Планинарењето е секогаш добра и здрава варијанта. Доколку не сакате да одите сами, приклучете се на некоја од планинарските групи кои што ги има на социјалните мрежи, и новите пријателства се секогаш добредојдени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This