24 ГОДИНИ ПОЛК ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ОПЕРАЦИИ: 1-март ден на Полкот за специјални операции

  • March 1, 2018

Полкот за специјални операции денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, со соодветна програма ќе го одбележи Денот на единицата.

Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, 1. март е одреден за ден на Полкот за специјални операции, како сеќавање на денот кога е формирана првата специјална единица на АРМ-1март 1994 година.

Претходно «
Следно »