24 МИЛИОНИ ЕВРА ПОМАЛКУ ЗА СУБВЕНЦИИ: СДС систематски го уништува Македонскиот земјоделец!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 136 милиони евра за земјоделците се планирани во државната каса за следната година. Производителите се изненадени. Велат дека очекувале 160 милиони евра субвенции и пари за рурален развој, кои Владата им ги ветила во изборната програма. Коментираат дека дополнително оптоварување за нив е и поскапувањето на нафтата, со што ќе им се зголемат трошоците за производство, соопшти вчера Сител ТВ.

– Ни беа ветувани од владејачката партија сега 160 милиони евра, што е некаде 8% зголемување од минатиот буџет. Ако е така, аграрот нема да напредува. Штом е ниска цената сега, а ќе ни ја зголемат нафтата, нема да бидеме ни најмалку рентабилни на пазарот со цената што треба да ја имаме на производите, изјави земјоделец во телефонски разговор со Сител.

Минатиот месец ресорниот министер најави дека зелената поевтина нафта земјоделците ќе можат да ја користат од следната година. Производителите апелираат надлежните да побрзаат со законското решение и да го реализираат ветувањето.

Доколку Владата не им ги стави на располагање ветените 160 милиони евра и наместо тоа обезбеди 136 милиони евра, што е за 24 милиони евра помалку, покрај задолжувањата, повисоките даноци и зголемената акциза, новата Влада буџетот ќе го спасува и со кратење на средствата предвидени за помош и поддршка на земјоделието. Скоро во сите развиени економии (држави), финансиската поддршка на земјоделството и руралните средини има тенденција на зголемување, само во Македонија се води антистимулативна земјоделска политика. Колку за споредба, Европската унија секоја година издвојува околу 40% од вкупниот годишен буџет за финансирање и поддршка на земјоделството и руралниот развој (т.н. Заедничка земјоделска политика на ЕУ, анг.CAP).

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This