March 28, 2024, 12:00 pm

2,5 милиони денари за тајната на Римјаните за пица: Нови скандалозни грантови на Фондот за иновации

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фондот за иновации повторно ја шокира македонската јавност имајќи го во предвид милионскиот буџет со кој располага, а е на товар на македонските граѓани.

Повторно милиони денари завршија на сметка на во најмала рака неиновативни „иновации“ па така извесна Сања Котевска чиј сопруг претходно аплицирал за грант од Фондот, но бил одбиен сподели неколку скандалозни грантови кои ги има доделенот ФИТР.

Од Фондот кој стана инфамозен по милионите кои ги додели на лица блиски до СДСМ сега доделува пари за производство на маџун, сокови, но и за тајната на Римјаните за пица стара 2 илјади години.

-ФИТР – легенди! Од иновацииве ми се зеде умот!

Дефинитивно немаат конкуренција на пазаров… ова со зеленчук и маџун, ајде, во ред, но сте слушнале ли за органски сокови, здрав сок од грозје, римска пица/рецепт за римска пица? Има ли некој паднат од Марс?

Лудило.

Еве и линк:

За иронијата да биде уште поголема пица во времето на Римјаните не постоела. Самиот збор пица (pizza) првпат се појавил во 997 година во ракописот од Гаете. град во Јужна Италија. Првата пицерија во светот била отворена во Неапол во 1830 година под името “Антика Порт Алба”.

Приказната за тоа како пицата станала повеќе од храна за сиромашните потекнува од 1889 година, кога италијанскиот крал Умберто I и кралицата Маргарита слушнале за пицата и посакале да ја пробаат. Оттука, тие го викнале познатиот мајстор Рафаеле Еспосито да направи пица за нив. Тој одлучил да направи пица во боите на италијанското знаме, со црвени домати, бела моцарела и листови од зелен босилек. На кралицата многу ѝ се допаднала пицата, која во нејзина чест била наречена “маргарита”.

Сепак, пицата во денешниот облик потекнува од САД, каде што била пренесена од страна на италијанските емигранти кон крајот на XIX век. Во 1905 година била отворена првата пицерија во Њујорк, сопственост на Џенаро Ломбарди. До 1940-тите години, потрошувачката на пица била ограничена претежно на италијанските емигранти и нивните потомци, но нејзината популарност експлодирала кога американските војници се вратиле до Италија по Втората светска војна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This