April 19, 2024, 11:56 pm

25 ПОВРЕДЕНИ ПАТНИЦИ, МЕЃУ КОИ И ШОФЕРОТ И 6 ГОДИШНО ДЕТЕ: Ова се најновите информации за сообраќајната незгода кај Велес!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се уште трае увидот на местото на трагедијата која денеска се случи откако се преврте автобус близу велешката патарина, велат за КУРИР, дежурните служби на МВР. Детални информации во врска со бројот на повредени, ќе се знат по извршениот увид

Она што во моментов е познато е само тоа дека автобусот бил со грчки регистерски таблици.

За случајот, велат од МВР за КУРИР, е известен и јавен обвинител. Повеќе детали најавија по извршување на целокупниот увид.

Бројот на повредени се претпоставува дека е голем, со оглед на тоа што патниците биле пренесувани во повеќе болници со повеќе возила на Брза Помош и од Скопје и од Велес.

 Последните неофицијални информации до кои дојде КУРИР велат дека во несреќата кај Велес се повредени 25 лица, меѓу кои и возачот.

Покрај со возила на брзата помош, повредените патници и со приватни возила биле превезувани во велешката болница и на Урегентиот центар во Скопје.

Меѓу повредените е и 6 годишно девојче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This