PEKEТ 2 ТАПКА ВО МЕСТО: Мицкоски се зakaни ако пocтапката не биде транспарентна, јавно ќе објави дokази

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Молк од Јавното обвинителство за аферата „Рекет 2“. Нема одговор на прашањата на Алфа дали кривичната пријава против Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и првиот човек на здравството Венко Филипче заглавила низ шалтерите на обвинителство, стои во фиока, или му е доставена на рака на обвинител.

Продолжениот празничен викенд не ја ослободува службата која треба треба да стои на располагање за одговори на новинарски прашања, ама сепак оттаму остануваат недостапни.

Последниот пат кога од обвинителството се одважија и споделија информации со јавноста посочија оти кривичната се уште не го нашла патот до јавниот обвинител и не е процесуирана.

-Пријавата поднесена од Вера Иванова е пристигната во Јавното обвинителство, но не е распределена до одреден јавен обвинител. Истата ќе биде распрепределена кај обвинител кој ќе постапува во насока на проверка на наводите наведени во кривичната пријава, изјавија од Обвинителството на 22 септември.

По споделените информации оти опозициската ВМРО-ДПМНЕ има докази за криминал во однос на овој случај, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски со предупредување.

-Ако Јавното обвинителство не е транспарентно во постапките, јавно ќе ги објавиме документите, изјави Мицкоски.

За аферата што „пукна“ пред еден месец и го доби називот „Рекет 2“ се изјаснија и Дончев и Филипче. За Директорот обвинувањата биле небулозни, а за министерот смешни. Но и двајцата признаа оти имале средби со шведскиот инвеститор и дека праќале предупредувачки писма до фирмата заинтересирана да инвестира во земјава, ама и до шведскиот амбасадор. Во истите македонските претставници им пишале на Швеѓаните дека против фирмата што сакаат да ја купат се води истрага. Премиерот Зоран Заев, што на некој начин застана во одбрана на Дончев и на Филипче, рече дека дојавата за истрага ја добил дирекно од Јавното обвинителство, кое инаку треба да биде независно и да не споделува информации за истраги со никого, бидејќи се тајна. Пред десетина дена пак Филипче во обид да релативизира и „да го извади премиерот“ на прашање на Алфа одговори дека знаел декаобвинителството истражувало бидејќи побарало документи од Министерството за здравство.

Вера Иванова, претходна сопственичка на „Дијамед“ поднесе кривична за злоупотреба на службената положба на Дончев и Филипче, според пријавата, ја оштетиле и неа ама и државата преку обид да спречат влез на странски инвеститор, а со цел да извлечат пари и за себе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This