April 23, 2024, 12:58 pm

27 ГОДИНИ УНИЈА НА МЛАДИ СИЛИ: Христијан Мицкоски го честиташе роденденот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, УМС, која важи за најголемата младинска политичка организација во земјата денес ја прослави 27-годишнината од формирањето

 

Неодамна, УМС доби и нов претседател кој доби силна поддршка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својата честитка по повод годишнината.

 

„27 години водечка сила во нашата држава. Среќен 27-ми роденден на најпросперитетната енергија во Македонија УМС!
Вие како млади сте наша водечка сила, наша надеж, наша мотивација и наша желба за среќна, успешна и просперитетна Македонија.
Сите ние имаме со право еден сентимент кој засекогаш останува врзан со УМС, затоа што потекнуваме од таа структура, која пред се е пркост на едни времиња, и идеја за нашата земја, а дури потоа партиска организација. Често знаеме да кажеме дека сите ние сме УМС, затоа што кога ќе се спомене ова се мисли на нашите најдобри години поминати во УНИЈАТА која повеќе или помалку била наш втор дом, во одреден период од животот.
На новиот Претседател на УМС, Лука Кржалоски Претседател на УМС на Вмро-Дпмне му посакувам успех во спроведувањето на нашата цел Македонија, држава на среќни луѓе, држава на млади успешни луѓе кои нема да заминат надвор од татковината туку ќе го дадат целиот свој капацитет, своето знаење и визија за подобро утре на сите нас.
УМС ќе биде со нас, низ целиот пат се до конечна победа, и потоа во создавањето на амбиент и клима и градење на општество на среќни граѓани.

Честит 27ми роденден УМС.

Бидете она што сте, горди, уникатни, авангарда, значаен бренд и никогаш ама никогаш не отстапувајте од она во што цврсто верувате, вие сте иднината на ВМРО и иднината на Македонија.

Заеднички со младите до нови победи и успеси, успеси за Македонија!“ – напиша Мицкоски на својот ФБ профил.

 

27 години водечка сила во нашата држава. Среќен 27-ми роденден на најпросперитетната енергија во Македонија УМС! Вие…

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, April 4, 2018

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This