October 28, 2020, 3:00 pm

ПЕТАР „АПАШОТ“ ГОШЕВ: Како Перо Гошев си купи имот вреден 630.000 евра за 5.000 и преку ноќ стана „апаш“?

Поврзано

Нacтaвник пoзитивeн нa Koвид-19 изoлиpa кoлeгa и 22 yчeници во Кавадарци, зaбoлeни и тpи мeдицинcки лицa

Позитивен наставник изолира колега и 22 ученици, заболени се и три медицински лица во Кавадарци, оваа информација за МИА...

Ги нeмa co мeceци и гoдини: Coлзи во сeмeјcтвaтa нa 93 иcчeзнaти coгpaѓaни

Скопјанецот Крсто Костовски, на возраст од 83-години исчезна на први септември годинава. Марија Брзакова (29 години) исчезна на 18...

Шeфoт нa кaбинeт на Мијалков ocyдeн нa 6 гoдини зaтвop

Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, денеска во Основниот кривичен суд е...
- Advertisement -

Поранешниот гувернер на НБРМ, Петар Гошев, кој остана запомнат како еден од најнеуспешните гувернери бидејќи во негово време се случи рекордната стапка на невработеност и исклучително нискиот економски раст на државата во време кога сите земји бележеа раст, во својата најнова колумна пишува дека Македонија “испарувала“, додека “араамиите токмеле старо-нова-власт“. Во јавноста веќе се пишуваше gosev_milcinза надимакот по кој е препознатлив Гошев, „Перо апашот“, за што постојат и аргументи кои го оправдуваат неговиот надимак.

Во негово време (2004- 2006-та година) се случи рекордната стапка на невработеност. Како исклучително слаб министер за финансии, Гошев беше експресно сменет по само една година откако беше назначен и откако се виде дека Македонија практично нема министер за финансии, туку ММФ ја води макроекономската и финансиската политика на земјата.

Гошев “здипли” земјиште од над половина милион евра, за багателни 5 илјади евра

Нешто по кое ќе остане запомнат Петар Гошев е тоа што по багателна цена во октомври 2005 година стекна исклучително вреден имот. Постоеја основани сомненија дека Гошев ја искористил својата позиција и ја злоупотребил за да се стекне со имот кој реално вреди над 630.000 евра, а притоа го платил за само 5000 евра.

Имено како што пишуваше весникот Време на 28.11.2007 година, Петар Гошев, тогашен гувернер на Народна банка на Македонија, купил атрактивно земјиште во Гевгелија, во близина на граничниот премин „Богородица“ од лице на чија фирма претходно „Македонска банка“, по предлог на директорите на банката, порано вработени во НБМ, му отпишала долг за ненаплатен кредит од 250.000 илјади евра.

Станува збор за фирмата „3М“ од Гевгелија, сопственост на Маринчо Карабаков, која била задолжена во „Македонска банка“ за 350 илјади евра. Долгот се зголемувал поради затезни камати од невраќањето на кредит од 200.000 евра, што во 1996 година „3М“ го добил преку програмата на Европската банка за развој. Целата работа ја завршиле тогашните директори на банката Спасе Лазаревски и Никола Кацарски. Лазаревски и пред ова бил вработен во НБРМ, а денес е советник на гувернерот.

Обајцата на Управниот одбор на „Македонска банка“ во август 2004 предложиле долгот од 250.000 евра на „3М‘ да се избрише, а фирмата да врати само 100.000 евра. Долгот во март 2005 година е отпишан, а во октомври истата година Карабаков на Гошев му продал атрактивно земјиште од 9.111 метри квадратни за цена од само 5.000 евра. Земјиштето се наоѓа покрај автопатот во близина на граничниот премин „Богородица“.

Пред јавност кажува дека ја градел куќата со другарите, а изгради хациенда на три ката

Поранешниот гувернер Петар Гошев сместен во удобна хациенда во една од подобрите скопски населби во неколку наврати создава слика на душегрижник за стандардот на граѓаните и економската ситуација, глумејќи дека е добро запознаен со состојбата на граѓаните. Но, дужегрижникот Гошев кој упорно кажува колку е лошо и дека куќата ја градел со другарите, живее во вистинска хациенда од три ката. Или Гошев има навистина другари кои се вистински мајстори на занаетот и градежници, или поверојатно е хациендата да е производ на неговите функции, но и карактерните особини отсликани во неговиот надимак.

hacienda-1

hacienda-2

Душегрижникот Гошев како министер ги покачи даноците

Како министер за финансии во Владата на СДСМ ќе остане запаметен како човекот кој го покачи данокот за граѓаните и ги зголеми цените на лековите. Инаку Петар Гошев во последниот период е актуелен по неговите неконтролирани јавни настапи кој изобилуваат со фрустрации и жолчност.

Latest News

Нacтaвник пoзитивeн нa Koвид-19 изoлиpa кoлeгa и 22 yчeници во Кавадарци, зaбoлeни и тpи мeдицинcки лицa

Позитивен наставник изолира колега и 22 ученици, заболени се и три медицински лица во Кавадарци, оваа информација за МИА...

Ги нeмa co мeceци и гoдини: Coлзи во сeмeјcтвaтa нa 93 иcчeзнaти coгpaѓaни

Скопјанецот Крсто Костовски, на возраст од 83-години исчезна на први септември годинава. Марија Брзакова (29 години) исчезна на 18 јануари годинава во струмичкото село...

УХМР: Во петок и caбoтa згoлeмeнa oблaчнocт co ycлoви зa лoкaлeн дoжд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната од 15 до 24...

Aнкeтa: Бајден со пpeднocт oд 10 пpoцeнтни пoeни пpeд Трамп

Една недела пред претседателските избори во САД на 3 ноември, демократскиот кандидат Џо Бајден води пред републиканецот Доналд Трамп на национално ниво со 10...

Teшкa cooбpaќaјнa нeзгoдa пpeд Собрание

Тешка сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила утринава на раскрсницата пред Собранието, пренесе „Сител“ Се работи за незгода која се случила на булеварот 11 Октомври...

More Articles Like This