2,9 % РАСТ Е ТOТАЛЕН НEУСПЕХ: Земја како Македонија не може да си дозволи економски раст помал од 5 отсто!

  • April 11, 2019

Во вчерашното издание на емисијата „24 Анализа“ на ТВ „24 Вести“ професорот Д-р Мирољуб Шукаров дебатираше со универзитетскиот професор Борче Треновски на тема домашна економија.

ММФ посочува дека македонската економија годинава се очекува да расте со 3 проценти, но проекцијата на владата е малку пооптимистичка, односно 3,2 отсто.

Но, за професорот Шукарев и двете прогнози се неуспех.

-Светската банка вели 2.9 отсто, Владата вели 3.2 отсто. Прогнозерите имаат многу голем апарат за прогнозирање, но во секој случај тука некаде ќе биде. Што не е доволно. Македонија е земја која што е недоволно развиена, има многу низок бруто домашен производ по жител. Што значи дека дали е 2.9 или 3.2 не е важно, тоа е потполен неуспех. Стапки под 5, 5.5 и 6 отсто за Македонија не се добри. Затоа што големите земји, како што е Германија, САД, тие можат да се фалат и да бидат пресреќни со стапка од 2 проценти. Тоа за нив е успех, но за нас не е, дециден е Шукарев.

Претходно «
Следно »