March 29, 2024, 10:48 am

3ападот има голem пpoблем: Kинa и Pycија фopмиpaaт фpoнт пpoтив CAД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кина во понеделникот го изрази своето негодување при употреба на еднострани санкции или заканата со санкции, велејќи дека ваквите активности претставуваат политика на моќ и хегемонистичко малтретирање, кои не се популарни и се соочуваат со зголемен отпор.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ванг Венбин, ги даде забелешките за време на дневниот брифинг со новинарите, како коментар за неодамнешното протерување на руските дипломати од САД и некои европски земји.

Кина секогаш се залага земјите да ги решаваат своите разлики со меѓусебни разговори базирани на на меѓусебно почитување, рече Ванг.

Истакнувајќи дека глобалната состојба на Ковид-19 е сеуште многу сериозна, портпаролот рече дека соочувајќи се со заедничките предизвици на човештвото, меѓународната заедница треба да работи заеднички за надминување на тешкотиите, заеднички да одговори на новите закани и предизвици, да придонесе за рано закрепнување на глобалната економија и промовирање на меѓународниот мир и безбедност.

Кина и Русија уживаат сеопфатно стратешко партнерство за координација за една нова ера, рече Ванг, додавајќи дека двете страни ќе продолжат да се разбираат и да се поддржуваат едни со други во заштитата на нивниот суверенитет, безбедност и развојни интереси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This