3aвpши кapиepaта на 3aeв: Дaнcкa и Xoландија го пoддржувaaт вeтoтo нa Coфиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската комисија се сомнева за почеток на преговорите оваа година.

Данска и Холандија се двете држави кои го поддржуваат бугарското вето за пристапните преговори на Македонија, пишува бугарскиот весник „24 часа“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Изворот на весникот тврди дека дури и да нема спорни прашања за Македонија, за преговарачката рамка за Албанија нема воопшто поддршка.

Претходно и пратеникот Антонијо Милошоски објави дека Бугарија не е сама и има најмалку две земји-членки кои се согласни за блокирање на пристапните преговори за Македонија.

Инаку на средбата на ниво на амасадори во Брисел, Бугарија не само што ја блокирала преговарачката рамка за Македонија, туку и заклучоците за земјата, по што германското претседателство jа запрело расправата, бидејќи немало консензус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This