March 28, 2024, 12:15 pm

3аврши ли кариерата на Павлина Црвенковска: Антикopyпциска ќе peшава за нea

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антикорупциска отвори предмет за имотната состојба на новоизбраната претседателка на судски совет Павлина Црвековска. Предметот е отворен по допрен глас но и по соопштение од страна на здружението на штедачи на пропадната Еуростандард банка.

Штедачите обвинуваат дека фирмата Екопласт рисајклинг во сопственост на сопругот на Црвековска, Зоран Црвековски повеќе од две години не враќал рати за земен кредит на фирмата во износ од 1, 6 милиони евра, но дека и нејзината ќерка била во кредитното одделение на Еуростандард банка.

Од друга страна Цревковска ги негира овие обвинувања и тврди дека фирмата земала кредит во 2014 година, но поради криза чеири години подоцна морала да отпушти 50-тина вработени и да бара партнер но не успеала се до затворањето на Еуростандард банка во август минатат година. А нејзината ќерка работела во кредитниот оддел дури по забраната за давање на кредити.

Пред два дена судскиот совет ја избра Павлина Црвековска за нов претседател. По што таа им порача на судиите да продолжат да работата одговорно професионално и чесно и да бидат ослободени од секакви притисоци како и да судат според законските прописи. На граѓаните им порача дека ќе се направи се да се подигне интегиртетот на правосудниот систем но и довербата на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This