April 20, 2024, 11:54 am

3ибepи: Зaгpижува пpoцентот на смртнocт од Koвид-19, нeштo нe e вo peд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Загрижувачка состојбата со смртноста во земјава од ковид-19. Треба да се утврди што е причината за тоа. Дали е во прашање само задоцетото јавување на лекар или и недоволните капацитети на болниците, исцрпеноста на здравствените работници и неподготвеноста на здравствениот систем во целина, вели пратеникот на ДУИ и претседател на собраниската Комисија за здравство, Арбен Зибери, за 360 степени.

„Ние се водиме по препораките на СЗО. Мерките за носење маска и на отворено и за спречување поголеми собири и групирања веќе ја имплементираа повеќе европски земји. Меѓутоа она што загрижува во земјава е високиот процент на смртност.

Алармантно е како на околу 500 нови случаи на ковид-19 има 22 починати во еден ден, а во Србија на пример, на околу 700 позитивни случаи има тројца починати.

Тоа покажува дека нешто не е во ред со системот. Дека, во изминатиот период, наместо да се води политика во однос на епидемијата, требаше да се подготвуваат капацитетите на здарвствениот систем за есенскиот бран“, вели Зибери кој претходно беше директор на Центарот за јавно здравје – Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This