3 современи македонски книги кои треба да ви бидат задолжителна лектира

  • November 7, 2018

Борхес кажал дека го замислува рајот како една огромна библиотека. Сите кои сакаат книги веројатно имаат многу слична идеја на неговата.

3-sovremeni-makedonski-knigi-zadolzitelna-lektira-01.jpg

Време е за читање добри книги, а зарем има подобро место за започнување од домашната литература

Современата македонска книжевност е исклучителна и потребно е само да ѝ дадете шанса и да се вљубите во следните три книги кои треба да ви бидат задолжителна лектира во животот:

Сестрата на Зигмунд Фројд – Гоце Смилевски

Превезот зад еден од најголемите генијални умови на психологијата и психоанализата, Зигмунд Фројд, полека се открива низ раскажувањата на неговата сестра, Адолфина.

Ова е фасцинантен, мајсторски напишан роман. Гоце Смилевски ги заслужува сите пофалби и награди кои ги освои со овој потресен, трогателен роман.

Уште многу долго ќе размислувате за текот и крајот на приказната обвиена околу „таткото на психологијата“.

3-sovremeni-makedonski-knigi-zadolzitelna-lektira-02.jpg

Резервен живот – Лидија Димковска

Сребра и Злата се сијамски близначки со споени глави. Растени во времето на ’70-тите и ’80-тите години во Македонија, обележани од малограѓанската средина и тешкиот живот во скопската приградска населба, несфатени дури и од сопствените родители, чашката се прелева во моментот кога Злата флертува со свршеникот на својата сестра.

Тогаш Сребра носи одлука дека мора да се одвојат по секоја цена. Патувањето кое ќе ги однесе во Лондон ќе им ги смени животите засекогаш.

3-sovremeni-makedonski-knigi-zadolzitelna-lektira-03.jpg

Земја на бегалци – Кица Колбе

Уште еден роман-хроника, слично како и „Резервен живот“, ова е приказна за една бегалска фамилија во Македонија во средината на 20 век.

Низ нивната призма впрочем ја доживувате бегалската криза општо, а она што ќе го голтнете како горчливо апче е дека траумите и лузните од војната засекогаш остануваат во луѓето.

Чувството на постојан страв, траурност, чувството да се изгубиш и напуштиш сè и никогаш да не си свој на своето… како ли изгледа тоа?

3-sovremeni-makedonski-knigi-zadolzitelna-lektira-04.jpg

Претходно «
Следно »