3.500 кoмпaнии гo тyжaт Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 3.500 американски компании, меѓу кои се и „Tesla“ и „Ford“, во последниве две недели ја тужеа администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради воведувањето на таксите за увоз на стоки од Кина во вредност поголема од 300 милијарди долари.

Тужбите се предадени на Судот за меѓународна трговија, а во нив се за третата и четвртата рунда на давачки за кинески стоки и ги обвинуваат американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер и Царинската и гранична заштитна агенција, пренесува „Reuters“.

Во тужбите се тврди дека администрацијата на Трамп не вовела давачки во пропишаниот период од 12 месеци и дека ги нема испочитувано административните процедури.

Тужбите се однесуваат на две групи, познати како „Листа 3“ и „Листа 4A“.

Првата опфаќа такси од 25 проценти на стоки вредни околу 200 милијарди долари, а другата такса од 7,5 проценти на стоки во вредност од околу 120 милијарди долари.

Тужби, меѓу останатите, поднесоа и групацијата „Volvo“ во Северна Америка, ланецот за малопродажба на авто-делови „Pep Boys“, производителот на облека „Ralph Lauren“, групацијата „Cisco“, производителот на гитари „Gibson“ и „Lenovo“.

Пред десет дена Светската трговска огранизација соопшти дека САД ги има прекршено нејзините правила за воведување на такси на стоките од Кина.

Трамп инсистира на такси и тврди дека тие се оправдани поради тоа што Кина ја краде американската интелектуална сопственост и ги принудува американските компании да и ја пренесуваат технологијата, доколку сакаат да имаат пристап до кинескиот пазар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This