October 24, 2021, 4:35 am

30 дeцa зaвpшиja вo изoлaциja вo Пpилeп: Двe нeгyвaтeлки oд гpaдинки пoзитивни нa кopoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема проблеми во шесте прилепски детски градинки и здравствената состојба е стабилна. Нема ниту едно дете заболено.

Според Орце Тодороски, директор на прилепските детски градинки „Наша иднина“, иако две негувателки се позитивни на корона-вирусот и поради тоа две групи со вкупно 30 деца остануваат во изолација, нема позитивни случаи меѓу децата.

– Имаме позитивна негователка на група од две до три години. Групата со 21 дете се во изолација. Позитивна на корона вирусот е уште една негувателка, во група од 3 до 6 години со девет деца во групата. Што е најважно – нема ниту едно дете заболено. Двете негувателки со двете групи се во изолација и по 15-ина дена ќе биде во ред, вели Тодороски.

Солидни 88 отсто од 186-те вработени се вакцинирани. Во шесте градинки, според протоколите се сместени 618 деца, но интересот кај родителите е голем. Дури 370 деца се на листата за сместување во градинките.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This