30 ЛАНСИРАНИ, 28 УНИШТЕНИ РАКЕТИ: Џејмс Матис вели дека нападот бил успешен, Сириската армија вели дека уништиле 28 од 30 ракети

  • April 14, 2018

Заврши првиот бран од нападите кои рано изутринава ги нареди американскиот претседател Доналд Трамп врз Сирија, поради наводна употреба на хемиско оружје во сирискиот град Дума

Според државниот секретар за одбрана на САД генералот Џејмс Матис, првиот бран напади бил успешен, а уништен бил истражувачки центар и две локации за кои САД, Велика Британија и Франција веруваат дека се користат за производство на отрови кои се користат за хемиско оружје.

Сепак, не можеа да ги потврдат точните детали за нападот.

Од друга страна пак, Сириската армија излезе со подетален извештај за одбраната на Дамаск во првиот бран бомбардирање.

Според Сириската армија, вкупно 30 „Томахавк“ проектили биле лансирани кон цели во Сирија, 28 биле уништени, само два ги погодиле целите.

САА извести дека во текот на утрото ќе имаат подетален извештај.

Претходно «
Следно »