30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА БРАТОТ НА ЕСАД РАХИЌ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Надлежниот судија на петтемина членови на криминалната група кои беа уапсени во петокот вечерта во акцијата „Мрежа“ на МВР им изрекол мерка притвор во времетраење од по 30 дена, неофицијално дознаваме од извори во истрагата.

apsenje seat infomaks

Kако што соопшти вчера МВР, во текот на  2016  и 2017 година  криминална група организирана од Сеад Рахиќ која делувала на подрачјето на град Скопје и надвор од градот, продавала наркотична дрога кокаин за цена од ‎3000-4500 денари за една паковка. Кокаинот е набавуван од непознато лице Србија во помали количина, со цел полесен и побезбеден транспорт на наркотичната дрога.

Од страна на Сеад како организатор на групата биле ангажирани Дејан. М. и Мики.З., кои го продавале кокаинот на нарко зависници, кои по продажбата редовно го известувале Сеад за паричните сретства кои се добиени. Исто така утврдено е дека лицето Марјан.М. исто така посредува во вршењето на продажбата на наркотична дрога кокаин, на начин кога има потреба за продажба на дрога, го известува Сеад и ја врши продажбата, а дел од парите ги задржува за себе.

При преземените мерки и активности во однос на извршените претреси, пронајдени и со потврда од домот на Рахиќ одземени се 1 полиетиленска паковка со бела прашкаста материја, 50 куршуми 9мм, 1 ПМВ Голф 5 и 3 мобилни телефони.

Во домот на З.Мики. одземени се четири полиетиленски паковки со непозната бела прашкаста материја; во домот на М.Дејан одземени се 22 куршуми 5,56мм, реденик со 12 патрони со различен калибар,43 патрони со калибар 16мм,  куршум 7,65мм, најлон кеса со непозната растителна материја , чинија со бела прашкаста материја и мобилен телефон; во домот на Марјан М. одземени се седум банкноти од по 1000 денари, две банкноти од по 500 денари и  еден мобилен телефон.

Сеад Рахиќ инаку е и близок соработник на Зоран Заев во нелегалните активности координирани со СЈО, каде што впрочем работи и неговата внука, ќерка на Есад, Берниса Рахиќ.

zaev rahic infomaks

На 15-ти Октомври минатата година, информиравме за средбата помеѓу Заев и Сеад во едно познато скопско кафуле, каде што според извори на iNFOMAX.mk, дел од пазарот помеѓу Заев и Сеад било и враќањето на семејството Рахиќ и ставање на нивните ресурси на располагање на Зоран Заев. Неофицијално, дел од задачите кои ги добило семејството Рахиќ е да вршат контрола, а по потреба да ги заплашуваат членовите на СЈО кои немале намера да ги извршуваат политичките нарачки на СДСМ што немале никаква правна поткрепа, односно да ги дисциплинираат оние кои одбивале без докази да прават политички театар.

Освен двајцата браќа кои се во блиска комуникација со Зоран Заев, ќерката на Есад Рахиќ, Берниса е исто така длабоко инволвирана во политичките игранки на Заев. Имено, Берниса Рахиќ, која претходно работеше во телевизија Телма, пред крајот на минатата година беше вработена во Специјалното јавно обвинителство, без притоа за работното место да биде распишан конкурс.

Сега, останува на внуката на Сеад и ќерка на Есад да му помогне со криминалните обвиненија и да го вади од затвор, агитирајќи кај Катица Јанева.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This