30 ЗАТВОРЕНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ ОД ПРИЛЕПСКИОТ ЗАТВОР: Законот за амнестија пушти на слобода 30 затвореници од прилепскиот затвор, на 85 намалена казна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со Законот за амнестија кој стапи во сила на 26 јануари, во прилепскиот затвор очекуваат до крајот на оваа седмица да стигнат судските решенија за ослободување на 30 осудени лица.

Според директорот на оваа казнено-поправна установа Слободан Ристески, решенија стигнаа за четири лица, а на 85 ќе им биде намалена казната за 30 насто.

– Со Законот за амнестија се опфатени сите 115 осудени лица. Веќе четири лица се ослободени со судско решение. Тие имаа казна затвор до 6 месеци. Секој момент ги очекуваме другите решенија од судот за ослободување, што значи условите од законот ги исполнуваат 30 осудени лица. На 85 лица ќе им биде намалена казната за 30 насто, изјави Ристески.

Во прилепскиот затвор се вработени 39 лица, а има потреба за уште 10-ина нови вработувања. Ристески вели дека со години ништо не било инвестирано во установата.

– Недостасуваат: медицински персонал, машки и женски полициски службеници, референт за прием и отпуст, готвач. Се надевам дека наскоро ќе се пополнат потребните работни места за поефикасно функционирање на затворот, вели Ристески.

Се очекува во иднина да бидат реализирани три капитални инвестиции во оваа казнено-поправна установа: асфалтирање на патот кој води до затворот во должина од околу 900 метри, нов бунар за технолошка вода и реконструкција на внатрешната инфраструктура на затворот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This