30 ЛИЦА ДОБИЈА ОБВИНЕНИЕ ЗА ОБВИНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ: ОЈО со обвинителен акт за 30 лица за настаните за 27 април поради „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното обвинителство на РМ денеска до основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година, соопшти на прес-конференција државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Како што Јовески појасни, 28 лица од нив се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ од член 313 од КЗ, а две лица се обвинети за помагање при вршење на истото кривично дело.

Обвинетите, според Јовески, го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на РМ со акт на насилство со што создале чувство на несигурност и страв кај граѓаните.

-Опсежаната истрага утврди, а уверени сме дека во судската постапка и ќе се докажe, дека обвинетите дејствувале со иста цел, извршувајќи поврзани и усогласени дејствија на битието на кривичното дело. Ве уварувам дека Обвинителството ќе продолжи да постапува согласно законот, имајќи предвид дека гонењето го врши во јавен интерес, и заради тоа неговата активност е наосечна, пред се, пред лицето на правдата да ги донесе сите кои сториле кривично дело и и секој да одговара за тоа што го сторил, обезбедувајќи го принципот на правна сигурност како еден од фундаменталните аспекти на владењето на правото, изјави Јовески на прес конференцијата на ЈО.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This