30 ПОЖАРНИКАРИ ГО ГАСНЕА ПОЖАРОТ ВО ЦРНИЧЕ: 10-годишно девојче во болница поради вдишен чад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Триесет пожарникари и седум возила го гаснеа  пожарот што вчера избувна во скопската населба  Црниче.  По неколкучасовна интервенција на пожарникарите, пожарот кој беснееше во подрумски простории во зграда, поради вдишен чад едно 10-годишно девојче било однесено на Клиниката за токискологија, информираат од МВР.

-Околу 16,50 часот во Скопје настанал пожар во зграда, при што се опожарени осум подрумски простории, кои една аптека ги користела како магацински простор и во кои се чувал медицински материјал. Во пожарот 10- годишно девојче вдишало чад и било однесено во Клиниката за токсикологија, информираат од МВР.

Командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томески изјави дека се работело за една од понапорните интервенции во последните 25 години.

Интервенирале 30 пожарникари со седум возила и биле употребени над 70 апарати за дишење поради густиот чад од медицинскиот материјал што горел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This