April 18, 2024, 11:44 pm

Дали во автобусот на „Беса Транс“ се шверцувале 30.000 петарди и еден тон нафта – државните органи демантираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според првичните наоди на бугарската полиција за несреќата на автопатот Струма во Бугарија, автобусот на туристичката агенција „Беса Транс“ изгорел целосно за неполни две до три минути, а токму тоа е причината за големиот број починати патници.

Според првичните наоди на полицијата пожарот започнал во предниот дел на автобусот.

Според информации од истрагата Инфомакс неофицијално дознава дека во предниот дел на автобусот имало нелегален резервоар со капацитет од 1000 литра за нафта кој секако допринел за оваа собраќајна несреќа да се претвори во трагедија имајќи во предвид дека дизајнот на секое возил кога станува збор за локацијата на резервоарот предвидува строги безбедносни правила.

Но она што е најшокантно, а неофицијално го дознава Инфомакс е дека во автобусот се превезувала поголема количина на пиротехнички материјали кои требало да завршат на македонскиот пазар пред новогодишните празници.

Покрај дополнителниот резервоар автобусот имал и посебен магацин за шверц на стока, а во конкретниот случај се превезувал пиротехнички материјал или околу 30-тина илјади петарди.

Овие информации го објаснуваат и сведоштвото на бугарската новинарка Патриција Кирова која потенцира дека сите жртви во страшната несреќа биле на средната врата од автобусот и се обидувале да побегнат, а ниту еден патник не бил на своето седиште.

Доколку по пожарот во предниот дел кој настанал поради дополнителниот резервоар за нафта експлодирал пиротехничкиот материјал, јасно е веќе зошто ниту еден од патниците не успеал да се спаси и да побегне низ вратите на автобусот.

Бугарските обвинители на прес-конференција демантираа дека во автобусот имало туби со нафта. „Има верзии дека имало туби со гориво. Таа верзија од нас е отфрлена. Најдени се 3 туби но биле празни, има остатоци од нафта која ја користи автобусот, а пожарот не настанал од тубите“, изјави Борислав Сарафов, заменик главен обвинител на Бугарија. Сарафов кажа дека на местото немало експлозија, туку силниот удар што се слушнал бил од ударот на автобусот во банкината. Според него, откачувањето на банкината и стружењето со автобусот, кое било како шмиргла и од кое имало искрење, најверојатно е причина поради која автобусот се запалил. Оттука е јасно дека немало експлозија, како што се наведува во написот, кој шпекулира дека експлозијата настанала поради пиротехничкиот материјал кој се пренесувал во автобусот. Ваквите тврдења ги демантираа и од агенцијата „Беса транс“, чијшто автобус изгоре во пожарот.

– Како агенција ја известуваме јавноста, како и семејствата на трагично загинатите дека автобусите во никој случај немале никаков багаж со нафта или пиротехника. Ова се шпекулации од страна на оние кои сакаат да ја искористат оваа трагедија. Целосниот капацитет на автобусот бил 450 до 500 литри нафта, само за користење за потребите на автобусот. Уште еднаш ги замолуваме медиумите да не ги користат овие дезинформации со кои уште повеќе ги повредуваат семејствата“, соопштија од „Беса транс“.

Македонскиот јавен обвинител, Љубомир Јовевски, исто така, ѝ посочи на јавноста дека во автобусот немало резервни туби во кои се шверцувала нафта. Јовевски ваквите информации ги оцени како шпекулации и рече дека тој на местото на несреќата видел три туби, но тие биле празни и не биле изгорени. Според тоа, како што истакна Јовевски, не може тубите да бидат причина за несреќата.

И министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека немал информации дека во автобусот имало туби со нафта.

Неофицијално на шоферот кој управувал со патничкото возило, непосредно пред несреќата му се слошило па на граничниот премин помеѓу Турција и Бугарија побарал смена од својот колега сега починатиот Љупчо Зафиров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This