300 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ДРВЕНИ КУЌИЧКИ: Еве за што Шилегов потроши неверојатни 300 илјади евра пари на граѓаните!

  • December 5, 2018

На плоштадот почна да никнуваат ,,скапоцените”  зимски куќички, насловени како „Зимска земја“ кои како што најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов треба да го красат Скопје пред новогодишните празници. Шилегов очигледно заборави превентивните мерки кои ги објави самата Влада според кои граѓаните не треба да ги напуштаат своите домови поради енормното аерозагадување!

Град Скопје за организацијата на новогодишната населба Винтерленд ќе потрошите 5 милиони денари пари од градскиот буџет и уште 13 милиони денари за новогодишно украсување, што значи вкупно 18 милиони денари, или околу 300.000 евра.< Според официјалните информации, град Скопје за пречекот на Новата Година планира да потроши околу 300.000 евра. За разлика од лани, украсувањето на градот започна едвај дваесеттина дена пред Новата Година, а за прославата ги убедуваа граѓаните дена не е паметно да се излегува на отворено кога воздухот е загаден и да се прават јавни собири.

Претходно «
Следно »