300 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПОЛСКИ ВЕЦИЊА: Винтерленд на Шилегов скапо ги чини граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со осветлување на елката на плоштадот „Македонија“, вечерва се одбележа отворањето на првата новогодишна населба во Скопје, Винтерленд, украсување што го чинеше градот околу 300 000 евра.


-Годинава првпат го отвараме Винтерленд, нешто што досега сме го немале во нашиот град. Од 15 декември официјално во Винтерлендот секоја вечер од 18 до 23 часот ќе има програма за секоја возраст, за сите деца, за сите граѓани, рече градоначалникот Петре Шилегов на церемонијата.

Тој информираше дека во наредните денови ќе биде поставено и лизгалиштето, ќе се постави снежно игло за децата, топ што ќе произведува вештачки снег и најразлични содржини за сите возрасти.

Осветлувањето на елката беше проследено со настап на средношколскиот хор составен од 120 ученици од девет средни училишта на Град Скопје и тоа од „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Васил Антевски Дрен“, „Владо Тасевски“, „Зеф Љуш Марку“ и „Панче Караѓозов“, кој околу половина час изведуваше Божиќни песни. Во населбата со име „Винтерленд“ (Зимска земја) е поставена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This